понеделник, 13 февруари 2012  ::  Бр. 14914
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан Култура Life Style Спорт Stars Свет Од почеток Видео


ПОНЕДЕЛНИЧКИ


Филмови


Пишува: Драган П. ЛАТАС

Мислењето во Светот го формираат телевизиите и филмовите. Колку и да не сте го забележале тоа, работата е таква.

Телевизиите и филмовите се под контрола на Американците. Малку и на некои од европските култури, но тоа е речиси безначително во споредба со она што доаѓа од Америка.
А оној што ја има контролата врз нив, има контрола над се.

Во Америка генералот Кастер вршел геноцид врз Индијанците. Во книгите по историја пишува за етничко чистење на десетина милиони староседелци. Но, во филмовите генералите се фини, култивирани ликови, кои тоа го правеле за доброто на нацијата. За ширење на религијата, и прогресот. Апачите, Чеените... индијанските племиња се дивјаци кои не се адаптирале на новиот свет, па исчезнале. И, тој впечаток останува.

Наполеон, иконата на Французите, ги сотрел Русите, и сите други кои се нашле на патот на неговата војска. Кога би бил Арап, Србин, Хрват, Турчин... во денешни времиња би заглавил на меѓународен суд. Но, не. Тој е легенда за Французите. Дури и за туристите. Некои од тие се и директни потомци на фамилиите кои страдале од неговите освојувања.

Светот гледа филмови. Уште повеќе, гледа телевизија.
Постои ли битен филм во кој Русин, Кинез или Арап е добриот... а Американец, Французин или Англичанец да е лошиот. Има такви филмови, но тие не добиваат награди. Не се на насловните страници на битните весници, а уште помалку се коментира за нив на големите, глобални телевизии.

Историјата, потоа, само го констатира она што телевизиите и филмовите снимиле, и пуштиле да се тркала како единствена вистина.

Деновиве се зборува за филмот на Анџелина Џоли, "Земја на крв и мед". Снимен во Босна. Според филмските новинари, темата е дека во Босна муслиманите биле тероризирани од Србите и Хрватите. Жртви кои биле пасивни. Само трпеле агресија, и страдале по верска линија.
Никаде во филмот ги нема муџахедините. Според јавно објавените податоци по војната во Босна, околу 6.000 платеници, муџахедини доаѓале од Авганистан, Пакистан... и биле плаќани претежно од Саудиска Арабија, за да извршат етничко чистење, и воспостават муслиманска, шеријатска власт.

Можеби, за Анџелина Џоли, муџахедините дошле како туристи.
За споредба, 6.000 муџахедини се отприлика бројка која е рамна на вкупниот број на македонската војска. Прилично многу, ќе се сложите.

Но, во американските филмови, муџахедините во Босна и на Косово се ослободители, а во сите други сличаи, за нив, се осовина на злото.

На најмоќниот пишувач на историјата во Светот, на Си-Ен-Ен, беа прикажани фотографии од Авганистан. На нив американски војници мочаат врз телата на убиените муџахедини. Аналитичарката на Си-Ен-Ен, Дана Лоеш, изјави дека војниците биле кул! Да можела и таа ќе ги соблекла гаќите, и ќе мочала врз нив, изјави насмеаната Дана. На Си-Ен-Ен!
И, ни влакно од косата не и фалеше.

Тоа е веројатно истиот синдром по кој, во Либија, го мочаа и влечеа по улици мртвото тело на Гадафи. Оној што го убија заради диктатура, а сега после него, уживаат во слобода и демократија.

Американската држава не мисли така. Војниците ќе бидат судени.
Телевизиите ја пишуваат историјата. Филмовите и даваат печат.

Во Ирак, од падот на Садам во 2003, до повлекувањето на Американците годинава, загинаа над 6.000 американски и сојузнички војници. Загинаа и над 110.000 цивили, во разни тероризми и пресметки. Толку луѓе загинаа и за време на војната во Босна. Иако во Ирак беше мир. Но, тоа не беа битни вести, заради кои светот се возбудуваше, или се вршеа судења.

Нафтата во Ирак ги смени сопствениците, како и во Либија... и нема веќе камери на Си-Ен-Ен, и другите видео-историчари, да го формираат нашето мислење, и поттикнат акција. Сега се снима во Сирија. Каде, исто така, се убива. Но, тие убиства се поинакви. Како поинакви, не знам, но очигледно десетте загинати во Сирија се поважни од педесетте во Каиро, или оние во Багдад. Така решиле на Си-Ен-Ен... таков филм има во Холивуд... и, за мене овде, тоа е историја. Друга вистина нема.

По инвазијата на турските серии врз Балканот, во Македонија особено, се прашувам дали воопшто постела причина за Крушевската република?

Кога Македонец, доброволно, седи и гледа како Султанот Сулејман и неговите потомци маме ебаваат низ Балканот, а патем стануваат наши миленици и херои... нешто не е во ред со нас. Најчеста реплика на Султанот и наследниците е - сечи му ја главата. А главата е од нашиот дедо...

Телевизијата е моќ. Филмот е магија. Од племенски времиња, до денес, со нас владеат силата и магијата. Само формата се менува. Ако зареди вака, ќе имаме генерации кои наместо историско, ќе имаат филмско паметење.

Бугарите полудеа заради најновиот македонски филм "Трето полувреме". Во него, замисли, тие биле претставени како окупатори на Македонија. Само чекам кога Љубчо Георгиевски ќе побара одговорност од Министерството за култура зошто го финансирале филмот.

За нивна среќа, филмот не е на англиски јазик, па нема да го гледаат како хит низ светот. Инаку, ќе помислеа дека Бугарите во тие времиња навистина биле фашисти што, скраја да е, ни случајно не е така.

Ние немаме ни Си-Ен-Ен, а ни новинари што гордо, пред камери, би изјавиле дека со задоволство би мочале врз војниците на Султанот, или на бугарските окупатори. За среќа, овде живее понормален свет.

Да имавме Си-Ен-Ен, егејската трагедија ќе беше причина Грција да банкротира заради долгови кон Македонија, а не кон Европа.

Тоа го немаме, но затоа ги имаме ликовите како Љубе, Борјан, Геро, Љубчо... кои едвај чекаат да бидат главни глумци во филмовите на Бугарија или Грција, во кои тие глумат, и ја пишуваат нашата иднина.

Кога човек ќе проголта микрофон, или камера, болен е засекогаш.





Статијата е прочитана 11267 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




девичанецот, 13.02.2012 11:46:21
Тука е и гласот на Лилица Китановска, која ни шири ноторни лаги, ама АЛФА ТВ, уште е поупорна во емитувањето. А, секако, мислат дека ние им веруваме во она што го кажуваат.
13.02.2012 11:46 | (42) | Like
Ane, 13.02.2012 11:01:51
Латас секоја чест за ова,чиста вистина!Мора да се цензурираат турскиве серии, луѓево наоѓаат идоли во турскине серии, а забораваат 500години под нивно ропство,што се не правеле тука,и како може да го гледат она Султанот на канал5? колку жени биле крадени од тука,силувани,и сега ќе уживаат во таква серија.Најголемо чедоморство имало тука,од жени што си ги убивале децата што биле силувани од турци.епа гледајте Султанот
13.02.2012 11:01 | (33) | Like
nace od turskata cesma, 13.02.2012 10:58:48
bravo za napisanoto....sekoj koj saka da znae nesto poveke....stvarno poveke...neka gi procita romanite...ZOJA...od Gilevski.. I OBLEKA NA DUSATA od BOSKO SMAKOSKI... SE KE MU BIDE JASNO ZA NAPATENIOT MAKEDONSKI NAROD..
13.02.2012 10:58 | (41) | Like
J Celeski, 13.02.2012 10:45:58
Ljube ,Borjan Gero, Ljubco... ami klaj edno zensko megju ovie, abe Latas ako pocna da nabrojuvas bezrbetnici sto zastana bar napisi nekolku reda,nebarame stranica da ispisis
13.02.2012 10:45 | (30) | Like
Александар М., 13.02.2012 09:23:21
Браво Латас. Би ти бил благодарен, доколку, се зафатиш малку повеќе со анализа на враќањето на Филип Петровски во ВМРО-ДПМНЕ. Има тука многу интересни работи, затоа што мене ми изгледа дека оваа работа ќе испадне според народната ПОГОВОРКА:КУПИ СКАПО ПРОДАЈ ЕВТИНО, ЌАР ДО ГУША.
13.02.2012 09:23 | (38) | Like
ПеРО_МКД, 13.02.2012 09:21:47
Добра статија, треба човек да се труди да размислува со своја глава, чисто да се труди да ја осознае вистината, иако сами како единки сме немоќни против таа пропагандна светска машинерија. Во секој случај, корисно е човек да знае. Е сега за турските серии кои веќе ми станаа одвратни, што да кажам, ги даваат и на Сител, а Латас таму е главна фаца ми се чини.па Латасе би ти бил многу благодарен ако успееш да го убедиш сопственикот на ТВ Сител да не емитува турски серии.
13.02.2012 09:21 | (36) | Like
mico, 13.02.2012 09:13:18
bravo sig. latas i jas od segogas go mislam istoto deka vo svetot na gluposta samo amerite se tie so mislat i pravat ispravno i nema film ili napis vo vesnik deka imat napraveno zlo na nekoja nacija i rusite ,kinezite i site drugi se losite vo se sto se slucuva okolu nas ,i koga ide laden bran ide od sibir i od balkano a nikako od zapadot
13.02.2012 09:13 | (29) | Like
lana, 13.02.2012 08:52:31
Taka e" CARE",,SEKOJA CEST ZA OVOJ TEKST,,,,pozzzzzzzzzzzzzzzz
13.02.2012 08:52 | (33) | Like
Vac, 13.02.2012 08:32:36
Od tie pricini e vredno da se socuva makeodnskata avtenticnost. Zatoa treba da se gradat javni objekti, da se podrzuva kulturata i obrazovanieto. Ljubco bugarceto e protiv toa, a Branko firomanecot mu e koalicija... i pricinite se ovde sosema jasno objasneti.
13.02.2012 08:32 | (39) | Like
jovanovskimarko1939@yahoo.com, 13.02.2012 07:34:23
Pisuvaj za zverstvata sto gi pravele Amerite,bugarte,Albancite i drugite okupatori posebno grcite i Amerite kaj nas na nasive prostori a i denes gi pravat.Se dodeka ne ja kazete vistinata na narodot na decata ]e vladeat UBIJCITE vo zemjava, Teroriziraniot ke mu sluzi na TERORISTOT.
13.02.2012 07:34 | (38) | Like
Aleksandar, 13.02.2012 04:56:36
Odlicno kazano! Posebno boli zosto site kutat za egzodusot na Makedoncite od Egejska Makedonija! Jas neznam i ne sum siguren deka novinari treba da go pokrenat ovaa prasanje! Politicarite treba t.e celoto opstestvo treba da go otvori i resi ovaa prasanje! Grcija mora da se izvini a koga ke go stori toa veruvajte nema d aima nikakov problem so imeto.
13.02.2012 04:56 | (48) | Like
mini, 13.02.2012 02:47:52
Ama i nas Aleksandar Veliki,bil za masala,ne gi galel bas po drzavine kade sto osvojuval,i toa mnogu porano od ovie sto gi spomnuvas.Taka se sozdavale imperii,toa e istorija. I deneska seuste ima takvi skarani so demokratija,ama zatoa tuka e Amerika da gi potseti.
13.02.2012 02:47 | (60) | Like
Nake Tufekciev, 13.02.2012 02:18:02
Okupacijata od Helenskata republika na Makedonija i eksploatacijata od 100 godini seuste trae a nikoj od vladata ne pobara osteta koja e preku 30000 miliardi evra,i vrakanje na imotite.Genocidot prema Makedonskiot narod seuste trae vo okolnite zemji.
13.02.2012 02:18 | (36) | Like
deko, 13.02.2012 01:06:40
Toa e toa, ne e problem sto taka se vodi svetot no problem e koga vo Makedonija treba da ubeduvas makedonec deka e on makedonec a toj uporno ti vika deka vo Makedonija nema makedonci i makedonska kultura(grcev) i normalno ne daj boze da snimis nekoj film koj zboruva za nasata istorija,mozes samo da zamislis kako ke bide docekan od makedonskite-nemakedonci.
13.02.2012 01:06 | (51) | Like
Od mene!, 13.02.2012 01:05:09
Pa kazi mu na gazdata ti da gi skine toa turskite serii. Ne samo sto odat vo nekakov si redoven termin ami po 100 pati dnevno gi reklamirate, pa gi povtoruvate, za da bidat lugjevo vo strek ne daj Boze da se opustat od silni Ezeli, jasmini, Suadi ili kako li se ne se vikaat. Pa ti si bre brat glasnogovornik koj ete se bori za cist razum ajde da te vidam simno gi seriite od televizijata u koja si glavna faca kako sto vikas.
13.02.2012 01:05 | (71) | Like
Gledac, 13.02.2012 00:39:44
Treba da imas stvarno madinja pa kako glaven urednik na televizija da pisuvas protiv televiziska propaganda! Bravo majstore!!!
13.02.2012 00:39 | (46) | Like
Od bankrut malce mito mal kuver, 13.02.2012 00:20:33
Bravo Latas i dase odmorime malce od tajkunite bc i nepismenite komunjari a sto se raboti do cNN tie ja znaat istorijata na Makedonija oti usa tri god.ja bombardirase Makedonija za vreme vtorata svetska vojna ali ne saka da znaat.....
13.02.2012 00:20 | (38) | Like
коле, 13.02.2012 00:09:18
Филмот на Анџелина е сниман во Унгарија, колку јас знам, не сакале босанците да ја примат. Прочитав на Википедија (англиска верзија секако) дека во време на Сулејман Величанствениот христијани и друга раја вон границите на тогашна Отоманска Империја (или како ќе ја наречеме) доброволно доаѓале и се населувале во Империјата. Нешто слично како што сега ние одиме за Канада, Европа, Нов Зеланд и слично. Размислете за ова. Не ќе да биле турците само главо-секачи. Е, сега, колку траело тоа доброто време не знам, но како и секаде и секогаш лоша администрација, корумпирано судство и бирократија во секоја земја се зло. Таа лекција не ќе да е лошо да ја научиме од Султан - Величенствениот. (и, не заборавајте во кое време живеел човекот кога донесувате суд. што се случувало по Европа во тоа време запрашајте се.) Секое добро!
13.02.2012 00:09 | (36) | Like
Dac, 13.02.2012 00:04:52
Малку е иронично Латас да пишува за инвазијата на турските серии,а најгледаните се токму на неговата ТВ Сител.Ако е толку против нив,нема да се емитуват,туку ке гледаме повеке образовни програми за младите,повеке квизови,па и филмови.Ама Сител и Канал 5 се во трка кој ке пушти повеке шкарт серии и ке има поголема гледаност и рејтинг,за жал.Бериќатварсан ашкол сун турско ропство(mind fuck) во 21 век.
13.02.2012 00:04 | (73) | Like
диме, 12.02.2012 23:52:27
Феноменална слика за моќта на медиумите во формирањето на јавното мнение за случувањата кај нас и во светот.
12.02.2012 23:52 | (35) | Like
aco, 12.02.2012 23:52:03
Вака сега пар зборови за оваа или слична на оваа тема, Како што велиш, ако добро разбрав, силата е во филмовите/телевизиите/медиумите. И јас мислам слично на тебе, дека медиумите се креатори на јавното мислење. Е сега, кога тоа е утврдено, зошто и нашите медиуми не прераснат во таква сила, да ја имаат моќта да го креираат јавното мислење, меѓутоа не по интереси на одредени структури, туку патриотски, насочени кон татковината. Да се издигнат на светско ниво во професионалност, со благи националистички наклоности... Значи да бидат сплотени медиумите во врска со Македонија (со сите други теми може да си бидат конкуренција како со Сулејман и Полат). Е сега кога веќе ќе се осети одредена соработка на темата Македонијаи нејзинито издигнување, може да почне да се бара од ЕУ/НАТО структурите јавни одговори на прашањата од интерес за Македонија. Иако одговорот е познат (Грција е проблемот) треба да се инсистира, уредниците да побараат од новинарите да бидат поарогантни со прашањат
12.02.2012 23:52 | (38) | Like
Мерикс, 12.02.2012 23:51:02
Не е битно како навистина беше,битно е да биде онака како големиот газда ќе каже.Испирање на мозоците продолжува во следните епизоди.Гледајте не редовно и вие сте на вистинскиот пат.
12.02.2012 23:51 | (38) | Like
filip, 12.02.2012 23:48:28
dobra,dobra kolumna!
12.02.2012 23:48 | (44) | Like
крис, 12.02.2012 23:43:13
CNN знае за Егејска Македонија, имав прилика да го видам тоа лично кога Македонија се отцепи од Југолсавија, најголемата новинарка Кристијан Аманпоур лично правеше репортажа со селани во Егејска Македонија, прашуваше една баба како се осеќа, бабата велеше Македонка и со страв избега зад порта. Коментарот на Кристијан Аманпоур беше дека декадите од тортура врз Македонците си го направиле своето! ова беше емитувано на CNN еднаш, рано на сабајле и НИКОГАШ повторно! треба да се ослободиме од убедувањето дека само ако им ја претставиме вистинската слика на западот, дека ќе ни помогнат, западот си ја знае ситуацијата и за Македонија и за Македонците, едноставно не им одговара да не стават "во филм", ФИЛМОТ сами треба да си го СНИМАМЕ!
12.02.2012 23:43 | (75) | Like
AFERIM, 12.02.2012 23:37:19
Aman, bre coveku do koga ke bivas " NAJDOBAR" so svoeto pisuvanje ( malku ama slatko )Site raboti sto gi napisa....... Mi bea kako TRN vo oko.Mnogu pati umees covekot da go nasrdis, ama uste poveke znaes da vlezes vo mozok na covekot, i da mu udris pecat na negovite razmisluvanja...... deka sepak e vo pravu toa sto go mislese.
12.02.2012 23:37 | (42) | Like
gradjanin, 12.02.2012 23:36:01
Mnogu dobri ama kako da se prokolneti Makedonski prostori, sekoj sakal da gi osvoi i prisvoi pa duri mu ja mati istorijata i minatoto na makedonecot. Nasekade ima belezi od osvojuvačite, no iako pobednikot ja pišuva istorijata, ali vistinata nemožel da ja izbriše. Pa Makedonecot uspeal da opstoi so vekovi i milejunima, taa mudrost za svoeto bitie makar verbalno no uspeal da ja sočuva i prenesuva na pokolenijata
12.02.2012 23:36 | (55) | Like
miki-ve, 12.02.2012 23:27:39
Ima logika vo ovaa statija i mnogu prasanja:-Kade bea turskite serii do 1990-te, koj gi kupuva i so kakva cel gi prikazuva, koja e ulogata na SAD preku Turcija da vrsi vlijanie na Balknaot, ZOSTO narodot gi gleda?????Nisto ne e slucajno....
12.02.2012 23:27 | (56) | Like
Makbull, 12.02.2012 23:25:43
I vo vojnata vo 2001 imaše mudzahedini na stranata na ONA na Amerikancite ni oko ne im trepna
12.02.2012 23:25 | (46) | Like
Zlatko, 12.02.2012 23:18:29
Definitivno znael Latas i nesto pokulturno da napise. A ne samo Branko, SDSM i sl...
12.02.2012 23:18 | (62) | Like
Филмови
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Изјава на денот
Најголемо зло сум јас самата. Или сум свој најголем пријател, или најлош непријател!
Витни Хјустон

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Кога планираш предвреме, многу ретко излегува според планот.