четврток, 21 февруари 2013  ::  Бр. 15218
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Назначување на службена влада од претседателот - тоа е единствен уставен пат за излез од кризата
Жељу Желев, прв претседател на Бугарија
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ


Презентација за откуп на дворните места за евро од квадрат


Мерката за откуп на земјиштето за бесправни објекти, кои добиле правен статус и последните предложени измени и дополнувања на Законот за градежно земјиште беа тема на средбата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со граѓаните од општина Аеродром, која се одржа во основното училиште "Гоце Делчев" во Горно Лисиче.

На средбата, присуствуваа и градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, а ресорниот министер ги запозна граѓаните со одлуката на Владата за измените на Уредбата за откуп на државно градежно земјиште, со која се овозможува лицата што го решиле правниот статус на бесправно изградените куќи да го откупат земјиштето на кое се изградени и дворното место по цена од едно евро за метар квадратен. Во општина Аеродром доставени се околу 8.000 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Голем дел треба да достават геодетски елаборати за да се заокружи процесот на легализација. Јанакиески апелираше граѓаните, кои поднеле барања за легализација на бесправно изградени објекти, а не доставиле геодетски елаборати да го направат тоа што поскоро, со цел, како што рече, да се заокружи процесот на легализација во Општина Аеродром.

- Во сите општини во Македонија голем број од лицата што поднеле барања за утврдување правен статус за бесправно изградени објекти доцнат со доставувањето геодетски елаборат. Разговаравме со компаниите кои ги изготвуваат и тој може да се извади по пристапна цена со цел да се растовари домашниот буџет, изјави Јанакиески.





Статијата е прочитана 1799 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Чувај се од озборувања. Светот има многу глави, па според тоа многу очи за негодување и многу јазици за клеветење.