четврток, 15 август 2013  ::  Бр. 15356
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
Тоа беше љубов на прв поглед
Карла Бруни, сопруга на Никола Саркози
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео


Странските експерти кои работеа на медиумските закони се шокирани:


Насер Селмани ги навреди Евреите


- Новинарските здруженија треба да се борат против говорот на омраза, а на дебатата за нацрт-текстовите на законите за медиуми и аудио-визуелни услуги бевме сведоци токму на употреба на говор на омраза. Оваа изјава на претседателот на ЗНМ е класична употреба на говор на омраза и е за осуда, соопштија од МАН


Сандра Башиќ, експертката на ТАИЕКС, која заедно со ОБСЕ и Советот на Европа учествуваше во подготовката на новите медиумски закони, завчера реагирала до Владата на Република Македонија, запрепастена од говорот на омраза на Насер Селмани, претседател на ЗНМ. Барајќи осуда, Башиќ воедно била изненадена како новинар и претседател на новинарско здружение, без да навлегува во неговата националност, може да шири толку говор на омраза, наместо конструктивно да учествува во законите кои по европски стандарди треба да ја регулираат неговата сфера. Сандра Башиќ е Хрватски државјанин со еврејско потекло.

Веднаш реагираше Македонската асоцијација на новинари со осуда на постапката на Селмани.
"Новинарските здруженија треба да се борат против говорот на омраза, а на дебатата за нацрт текстовите на законите за медиуми и аудио-визуелни услуги бевме сведоци токму на употреба на говор на омраза. Оваа изјава на претседателот на ЗНМ е класична употреба на говор на омраза и е за осуда", соопштија од МАН.

За потсетување, Насер Селмани од ЗНМ на јавната дебата со странските експерти порача, цитираме:
- Јас сум зап­ре­пас­тен што но­ви­на­ри ба­ра­ат да се ли­цен­ци­ра­ат. Па зна­е­те, ако е та­ка, ај­де. Ние ќе при­фа­ти­ме и ќе пред­ло­жи­ме да во­ве­де­ме со не­кој член во за­ко­нот унифор­ма за но­ви­на­ри­те и лен­та со Да­ви­до­ва ѕвез­да, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Ми­нис­те­рот Иво Ива­нов­ски му од­го­во­ри де­ка го­лем дел од за­бе­леш­ки­те што ги доби­ле од ЗНМ ги при­фа­ти­ле, но од­лу­ка на Вла­да­та е де­ка тре­ба да има за­кон за меди­у­ми. Трој­ца­та ек­спер­ти, Кет­рин Мет­хеб од ОБ­СЕ, Берт Мо­вес од Со­ве­тот на Евро­па и Сан­дра Ба­шиќ од ТА­И­ЕКС, по­тен­ци­раа де­ка Ма­ке­до­ни­ја са­ма од­лу­чу­ва од пот­ре­ба­та за за­кон, а тие да­ва­ат пред­ло­зи, а не су­гес­тии ка­ков за­кон тре­ба да до­не­се.

Вчера повторно СДСМ се огласи со познатото барање - повлекување на Законот за медиуми. Со тоа уште еднаш докажа дека партијата и ЗНМ и натаму се на иста линија. Се обврзаа дека доколку Законот се усвои во сегашната форма, веднаш по промената на власта да го поништат.

(И.Т.)





Статијата е прочитана 3430 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    




boro, 15.08.2013 09:44:30
jas znam koga se reklamira vladata na mediumi, bidejki vo dolniot del pisuva deka e platena reklama od vladata. porano ne bese taka i vladite vo RM gi potkupuvaa novinarite "pod tezga" i nie citavme , gledavme , slusavme "nezavisni" novinarski izvestai. Dali e ova toa sto im nedostiga na ovie sto se bunat? bedno!
15.08.2013 09:44 | (16) | Like
Albanec, 15.08.2013 09:33:31
Vo toj slucaj mediumite treba da vrsat pritisok, i ovoj Naser vednas da podnese ostavka! Vednas!
15.08.2013 09:33 | (7) | Like
George, 15.08.2013 09:19:29
Gledam se spomnuvaat Evrei i Soros. Znaete, Soros go zabole za Evreite, pa i za toa sto rekol Selmani. Da se najde maz da mu drpne od parite, ke vidite togas kako ke go zaboli.
15.08.2013 09:19 | (13) | Like
anonimna, 15.08.2013 00:42:41
Koga vo zjivotot se nema licen pocit i kultura , prvo za sebe kako licnost toga ne postoji nitu pocit nitu kultura sprema drugogo i se ona shto ne opfaka e zaobikoluva.
15.08.2013 00:42 | (15) | Like
OFLELE, 15.08.2013 00:28:43
Ovoj navistina e zabegan. Evrein go finansira da jade burek a toj protiv niv. Tipicno za ucen-nedoucen Albanec.
15.08.2013 00:28 | (11) | Like
Jovan-toronto, 14.08.2013 23:38:14
Samo neka prodolzat taka...Koga ce dojdat na vlast ce pisat...Mozebi nekoja druga generacija,nivnite deca mozebi.
14.08.2013 23:38 | (15) | Like
Makedonija e Fantasticna, 14.08.2013 23:20:26
Sorovcinjata inaku se evrei sto ke reci gorg soros.
14.08.2013 23:20 | (20) | Like
 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Блесок 10
Канаѓани со "Минус еден" премиерно во Скопје
Марфи
Најлошите удари во голфот ќе ви се случат баш кога сакате да импресионирате некого.