КОЧАНИ
Измами во Центарот за вработување
Раководител на Центар за вработување-Кочани В.А. (53) и М.С. (54), советник за финансии во Центарот за сторено кривично дело соизвршителство" и против В.М. (54), референт на шалтер во Центарот заработиле кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување". Според полицијата, во ноември минатата година, В.А. ја задолжил М.С. да изготви потребна документација за З.Д. за користење на паричен надомест за невработено лице, иако знаеле дека З.Д. во овој период престојувал во странство, по што М.С. изготвила решение со кое се признава правото на паричен надомест во траење од четири месеци, а В.М. го пријавила З.Д. во евиденцијата на невработени лица, иако знаела дека истиот лично треба да се пријави, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист од 10.058 денари, на штета на Агенцијата за вработување на РМ.
|