АПЕЛАЦИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРЕСУДАТА ЗА УБИСТВОТО НА ЧЕВРЕСКИ
Убиецот останува во затвор 14 години
Скопскиот Апелациски суд ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која обвинетиот Александар Алексовски е осуден на 14 години затвор за убиство на Михајло Чеврески
Апелацискиот суд Скопје на 12-ти овој месец до Основниот суд Скопје 1 Скопје ја достави пресудата со која е потврдена првостепената пресуда на овој суд од 3-ти април годинава со која обвинетиот Александар Алексовски е осуден на единствена казна затвор во траење од 14 години, за сторено кривично дело убиство" и кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи".
Убиството се случило на 15 август 2011 година на локалниот пат кон езерото Козјак, атар на село Нова Брезница-Скопје. Сега осудениот Алексовски со употреба на огнено оружје-пиштол, кој неовластено го држел, со умисла го убил Михајло Чеврески. Осудените Костевски и Наунчевски кои му помагале на Алексовски да не биде откриен од органите на прогонот, го земале телото на убиениот Чеврески и го одвлекле од патот со намера да го скријат, оставајќи го во грмушките покрај патот. Пред да го напуштат местото на настанот, првоосудениот Алексовски од Чеврески одзел златен синџир со крст, мобилен телефон и рачен часовник.
Обвинетиот Александар Костевски е осуден на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а обвинетиот Панче Наунчевски на казна затвор во траење од 5 години
|