сабота, 08 јуни 2013  ::  Бр. 15303
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео
Скопска


ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ИМ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЈА НА НАЈДОБРИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ


СУГС "Георги Димитров" се покажа како одличен домаќин


Во просториите на градот Скопје градоначалникот Коце Трајановски вчера им ги додели признанијата на учениците од средните училишта од град Скопје кои учествуваа на натпреварот по математика и кои покажаа одлични резултати. Натпреварот се одржа втор пат, а оваа година домаќин беше средното училиште Георги Димитров".
- Навистина ми е драго што ова натпреварување стана традиционално и меѓународно. Ова е добар начин учениците од средните училишта во градот Скопје да се мотивираат повеќе да ја изучуваат математиката, а на оние кои имаат афинетит кон математиката им се нуди можност да се докажат во училиштето, во градот, но и на меѓународната сцена, рече Трајановски.

Директорот на СУГС Георги Дмитров", Саша Стоименов, посочи дека со поголема леснотија, но и со поголема трема пристапил кон организирање на овој натпревар, бидејќи предизвик е натпреварот да биде организиран на високо ниво и да биде поуспешен од минатата година.
- Посебна чест и привилегија оваа година ни беше учеството на ученици од средните училишта од соседна Србија и Бугарија. Како математичар посебно сум горд што имаме уште еден натпревар што ги мотивира учениците да ја засакаат математиката, со голема посветеност на наставниците и со добар избор на задачи. По завршувањето на овој натпревар немаме жалби и поплаки, напротив имаме само пофалби, истакна Стоименов.

На натпреварот учествуваа 141 ученик, од прва, втора и трета година, од гимназисксо и стручно образование. Првите места од гимназиско образование ги освоија Филип Жаков ("Георги Димитров"), Ѓоргина Цениќ ("Орце Николов"), Бојан Лозановски ("Јосип Броз Тито"), додека од стручното образование првите места ги освоија Здравко Тодоров ("Владо Тасевски"), Еми Веселиновска ("Васил Антевски Дрен"), Антонио Муковски ("Владо Тасевски").


















Статијата е прочитана 503 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Секоја наредба која може погрешно да се сфати, погрешно ќе се сфати.