четврток, 06 јуни 2013  ::  Бр. 15301
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
Изјава на денот
На светската економија и претстои уште потешка фаза
Кристин Лагард, директор на ММФ
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео
Вести


СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ ВО ОДБРАНАТА


Обука за хуманитарното право во современите НАТО операции


Имплементација на меѓународното хуманитарно право при современите НАТО-операции е темата на која претставници и експерти од повеќе институции и од Министерството за одбрана ќе дебатираат за време на дводневната регионална конференција што вчера беше отворена во Домот на Армијата.
- Одговорот на асиметричните и неконвенционални закани, предизвиците на сајбер безбедноста, енергетската сигурност и предизвиците на енергетската ефикасност бараат многу поголема вклученост отколку само воена акција, истакна на отварањето државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски, укажувајќи на тоа дека сојузниците и земјите-партнери мора да ги имаат дипломатијата, информациите и економијата како инструменти за одговор на предизвиците и неутрализација на непосредните закани за граѓаните.
Стефановски истакна дека заштитата на цивилите и ширењето на хуманоста, при постигнување на оперативен успех, како и заштитата на воениот и цивилниот персонал се од суштинско значење.
Координаторот на активноста, доц. д-р Методи Хаџи Јанев, додаде дека оваа работилница ќе се осврне на повеќе значајни и сензитивни теми како сајбер и енергетската безбедност, употребата на беспилотните летала и асиметричните закани.
Целта на обуката е да се презентираат современите предизвици кои се исправаат за време на НАТО водените операции со особен акцент на предизвиците од меѓународното хуманитарно право. На обуката присуствуваат и претставници од НАТО советодавниот тим и од Евроатлантскиот совет на Македонија. Таа е прва ваква иницијатива на регионално ниво и со неа се прави чекор напред во прилагодувањето кон современите трендови во безбедноста и одбраната.








Статијата е прочитана 281 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Најголемите идеи никогаш не остануваат запаметени, најглупавите изјави никогаш не се забораваат.