сабота, 08 јуни 2013  ::  Бр. 15303
Маркетинг Контакт Импресум Претплата Пријатели Архива
Излегува секој ден освен недела. Првиот број излезе на 11.11.1963 год.
 
НАСЛОВНА Вести Економија Скопска Балкан и Свет Култура Спорт Забавна Од почеток Видео
Вести


ДЕТЕКТИВИТЕ ОД ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО НОВА АКЦИЈА


На логорување ќе се стекнуваат нови борбени вештини


На крајот од оваа обука студентите ќе бидат повешти по изведувањето на одредени тактичко-борбени постапки, а ќе бидат побогати и ќе го зголемат своето искуство не само со теориски туку и со практични решенија на дадени соодветни проблеми, истакнува доц. д-р Методи Хаџи Јанев


Студентите од Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет РМ денеска и утре ќе стекнуваат нови вештини и знаења преку логорување, кое се одржува во атарот на селото Катланово. Овој тип обука е дел од наставната програма по предметот Детективска тактика". Според доц. д-р Методи Хаџи Јанев, кој го предава предметот, студентите од втора и трета година студии ќе бидат запознаени со тоа како се организира логор, кои се критериуми треба да се задоволат, што е тоа што треба да го знаат при планирање на едни вакви операции. Истовремено ќе бидат вметнати елементи од движење и ориентација во просторот, а посебниот акцент ќе биде ставен на тактичко-борбените постапки, како одбрана, заседа, препад, упад и контролни точки на брза рака кои ќе бидат обработени на самото место...

Вештини неопходни за идната професија
За првпат откако постои Факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ се организира една ваква обука. На ваков чекор се решивме заедно со раководството на Европскиот универзитет РМ и на Факултетот од причини што сметавме дека доколку Универзитетот сака да понуди кадар кој ќе биде подготвен да се носи со предизвиците на пазарот на трудот, ќе мора да се стави поголем акцент на практичните форми на подготовка. Ова на студентите, пак, од друга страна треба да им овозможи освен теорискиот дел да се стекнат и со одредена вештина неопходна во професијата за која се школуваат", вели доц. д-р Хаџи Јанев.

Практичната форма на наставата, според Хаџи Јанев, претставува заокружување на материјалот усвоен од 2011 година, а кој е направен според највисоки стандарди и врз база на искуствата кои досега се стекнати во постконфликтни општества, односно во постконфликтниот менаџмент којшто се применува за време на мир и за време на конфликтната фаза со посебен акцент со деловите од меѓународното право, за права на човекот и меѓународно-хуманитарно право.
Во таа насока, како што вели Хаџи Јанев, ова е битно затоа што во најголема мера во услови на глобализација модерните претпријатија, фирми и корпорации својот учинок и своите достигнувања ги бараат во поризични подрачја каде што капиталот и стекнување на капиталот е многу поголемо за разлика од услови на мир каде што конкуренцијата е поголема и заработувачката е помала. Затоа идните детективи и лицата кои ќе се занимаваат со корпоративната безбедност мора да го познаваат амбиентот во којшто ќе дејствуваат и театарот во којшто ќе оперираат, односно во којшто ќе функционираат нивните претпријатија, со цел да можат да одговорат на сите предизвици.

Кадар подготвен за сите предизвици
Овој кадар, според Хаџи Јанев, може да работи и за државните служби, војската и полицијата коишто веќе се навлезени во овие процеси.
Дванаесет години Армијата на Република Македонија учествува во меѓународните воени операции. Тоа само по себе значи дека програмата е веќе дефинирана за едни такви потреби. Имајќи предвид дека студентите по други предмети веќе изучуваат одредени постапки поврзани со генерално истражување и истражни методи, криминологија и криминалистика, овој предмет значи само едно надополнување на вакуумот којшто го воочивме откако направивме анализа на програмата и наставниот материјал. Обуката е замислена како што реков, да го заокружи делот којшто е теоретски обработен преку дискусии и дебати, а ќе бидат обработени и одредени тактички борбени постапки", додава Хаџи Јанев.
Целта на логорувањето е секако да се зголеми подготвеноста на идните детективи кои освен теоретските знаења ќе имаат и практична можност да согледаат еден од таквите начини на организирање на настава.
Обуката е значајна и затоа што ќе овозможи во иднина и останатите професори да ги прошират хоризонтите во однос на изведбата на наставата, односно освен теоријата тие да вметнат делови од својата експертиза кои што во идните форми на обука би вклучиле и елементи од нивните предмети. Очекуваме дека на крајот од оваа обука која сега се изведува, студентите ќе бидат повешти по изведувањето на одредени тактичко борбени постапки, а ќе бидат побогати и ќе го зголемат своето искуство не само со теориски, туку и со практични решенија на дадени соодветни проблеми", истакнува Хаџи Јанев.

(Д.Т.)
Фото:Ѕ.Плавевски





Статијата е прочитана 612 пати. #

Зошто мојот коментар не излегува на Web страницатa?

Оставете коментар за објавената вест
Сите полиња се задолжителни!

Од кого:


Коментар: 


*Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 

    

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 
 

Снег на Водно
Блесок 10
Марфи
Секоја наредба која може погрешно да се сфати, погрешно ќе се сфати.